Како да објавам оглас?
Креирај профил, потврди ја е-поштата и избери „Објави оглас“. Додај точна категорија, град, опис и фотографии. Огласот ќе биде јавно видлив по проверка.
Зошто огласот чека проверка?
Секој нов или изменет оглас се проверува за точност и усогласеност со правилата. Резултатот ќе го добиеш во известувањата.
Како да изменам или избришам оглас?
Отвори „Мои огласи“, избери го огласот и притисни „Уреди“. На истата страница можеш да го избришеш или да го означиш како продаден.
Како функционира продавницата?
Деловен профил може да испрати продавница на проверка. По одобрување, продавницата и нејзините активни огласи стануваат јавно видливи.
Што е Pazarce Plus?
Pazarce Plus го истакнува огласот за избраниот период. Промоцијата започнува по проверка на уплатата, но не гарантира продажба.
Како да контактирам со поддршката?
На страницата Контакт и поддршка испрати тема, опис и до три фотографии или PDF документи. Ако си најавен, целиот разговор ќе го следиш во „Мои барања“.